Без долна облека, со гради прекриени со плексиглас – Комбинациите на Зендеја како да се од друг универзум (фото)

Се појави облечена како робот, но и во елегантен бел фустан со необични отсечоци. Целиот свет будно го следи секое ново појавување на Зендеја на црвениот тепих. Погледнете некои од нејзините највпечатливи модни изданија на премиерите на филмот Dune: Part Two.

bez-dolna-obleka-so-gradi-prekrieni-so-pleksiglas-autfitite-na-zendeja-kako-da-se-od-drug-univerzum-foto-01.jpg

По минатогодишниот успех што Марго Роби го постигна со промоцијата на филмот Barbie, кога на сите премиери се појавуваше во аутфити инспирирани од познатата кукла, уште една холивудска актерка одлучи да го следи нејзиниот пример.

Зендеја во последните неколку недели е сконцентрирана на промоција на нејзиниот најнов филм Dune: Part Two.

Премиерата на филмот беше одложена заради штрајкот на актерите во Холивуд, но очигледно е дека Зендеја го искористила времето за детално да се подготви за промоцијата.

bez-dolna-obleka-so-gradi-prekrieni-so-pleksiglas-autfitite-na-zendeja-kako-da-se-od-drug-univerzum-foto-03.jpg

Актерката во изминатиот период постојано се појавува во комбинации коишто се тематски инспирирани од филмот во кој игра, а имавме можност да ја видиме во разни футуристички креации - од костим изработен од плексиглас во кој наликува на робот, до розов комбинезон.

Од спирален фустан од најновата колекција на Alaïa, до специјално изработен аутфит на Bottega Veneta.

На премиерата во Њујорк, Зендеја носеше бел фустан со необични отсечоци, од кои ѕиркаше нејзиниот разголен стомак и се гледаше дека актерката е без долна облека.

bez-dolna-obleka-so-gradi-prekrieni-so-pleksiglas-autfitite-na-zendeja-kako-da-se-od-drug-univerzum-foto-02.jpg

Погледнете повеќе фотки од аутфитите на Зендеја во галеријата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
„Најдобро чувана тајна во Холивуд“: Гал Гадот ја роди 4-тата ќерка, никој не знаеше дека е бремена (... Со фотка на Инстаграм, Гал Гадот откри дека добила уште една ќерка, а веста беше...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Режисерот се соживеал со улогата на насилник, се карал со Блејк Лајвли – Скандалите на снимањето на ... „Џастин Балдони толку многу се соживеал со ликот на хирургот Рајан Кинкејд, што ...
Деми Мур со кучето, Салма Хајек ги истакна облините: Најубавите модни изданија на Кански филмски фес... Ања Тејлор Џој изгледаше беспрекорно во светкавиот долг фустан, додека Салма Хај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg