Колку се промени Софија Вергара од почетокот на нејзината кариера? (фото)
- Детали
- сабота, 09 април 2016
Софија Вергара е редовен гостин во сите списоци на најубави жени во светот. Огнената Колумибјка денес изгледа поубаво од било кога, а во текот на својата долга кариера доживеа вистинска стилска еволуција.
Кога е во прашање убавината, многу од нас ќе се сложат дека латино дивите едноставно немаат конкуренција во таа област. Една од најпопуларните секако е колумбиската актерка Софија Вергара која веќе долго време плени со својот атрактивен изглед.
Софија денес има 43 години, а изгледа подобро од било кога – тоа го докажуваат и фотографиите од нејзината младост. На убавицата со раскошни облини ѝ бил суден живот под рефлектори. Кариерата започнува да ја гради во 1990-та година кога работела како фотомодел.
После тоа добива ангажман како водителка во две популарни колумбиски телевизиски емиси што накрај и ја донеле и првата актерска улога. Денес е најпозната по улогата на Глорија во серијата „Modern family“ , а благодарение на неа таа ја добива номинацијата за престижната Еми награда.
Денес, Софија е горда мајка на 23-годишниот Маноло кој го добила во првиот брак со средношколската љубов. Неодамна се омажи по вторпат, а нејзиниот избраник е познатиот глумец Џо Манганиело.
С. С. | Црнобело