По распаѓањето на групата: Како изгледаат денес девојките од „the Pussycat Dolls“?
- Детали
- вторник, 29 март 2016
Поминаа речиси 6 години од распаѓањето на женскиот бенд „the Pussycat Dolls“. Поголемиот дел од нас знаат што случува со Никол Шерцингер, но дали знаете што прават останатите членови на групата?
Како изгледаат и што прават девојките од „the Pussycat Dolls“:
Никол Шерцингер
Полесно би било да се набројат работите кои Никол не ги правила, бидејќи откако ја напушти групата, таа е речиси насекаде во шоу-бизнисот. Се појави на „Dancing With the Stars“, а потоа стана и судија на „The X Factor“ каде го собра машкиот бенд „One Direction“.
Нејзиниот прв соло албум, „Killer Love“ го објави во 2011-та година, а песната „Don't Hold Your Breath“ стана број еден хит на британските топ листи.
Во 2012-та стана перманентен судија на „The X Factor“ и победија заедно со Џејмс Артур. Во 2014-та го напушти местото како судија да се концентрира на својата музика.
Мелоди Торнтон
По распаѓањето на групата, Мелоди стана судија на шоуто „Bank of Hollywood“, а година дена подоцна отпатувала до Велика Британија за да се натпреварува на „Popstar to Operastar“.
Многумина очекуваа да се појави и нејзин соло албум, но тоа никогаш не се случи. Неодамна се појави во реклама на Dior, а работи како модел од 2011-та година.
Кимберли Вајт
Русокосата Кимберли станала судија на британско талент шоу пред Никол , „Got to Dance “, во 5 сезони. Стигна до број 5 на британските топ листи како дел од песната „Candy“ на Aggro Santos.
Стана дел од дуото „Her Majesty & the Wolves“ кое имаше еден објавен албум во 2011-та година, именуван како „111“.
Џесика Сута
Пејачката и текстописец беше одлучна да стане соло ѕвезда. Започна со песната „I Wanna Be Bad“, а потоа следеше песната „Show Me“.
При крајот на оваа година се очекува да излезе нејзиниот прв албум „Feline Resurrection“.
Ешли Робертс
Оваа девојка остана позната на британските територии. Победи на „I'm a Celebrity Get Me out of Here“, потоа стана судија на „Dancing on Ice“.
Кратко се појавува и во ТВ серијата „90210“ како професорка по стриптиз.
Кармит Бачар
Како и Џесика Сута, така и Кармит се обидува да успее строго во музичката индустрија.
Н. Г. | Црнобело