Како Нина Мориќ си го уништи изгледот со пластични операции?
- Детали
- четврток, 24 март 2016
Поранешната хрватска манекенка, Нина Мориќ, која денес живее во Италија е позната по тоа што имала низа пластични операции. Нејзиниот изглед тоа јасно го покажува, а и самата не крие како изгледала некогаш.
39-годишната поранешна манекенка на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии кои биле направени пред естетските зафати.
На една од фотографиите, таа има 14 години. Ѕвездата на спотот на Рики Мартин за песната „Livin La Vida Loca“, пред неколку децении била позната по својата природна убавина.
А, потоа се одлучила за бројни промени.
„Поради поранешниот сопруг имам бројни комплекси врзани за мојот физички изглед, затоа толку многу пати се одлучив за пластични операции“ - изјавила.
Денес воопшто не личи на себе.
Додека со операциите немала толку многу среќа, по разводот со Фабрицио Короне, среќата во љубовта ѝ се насмевнала. Сега ужива во врска со 11 години помладиот Марио Луиџи.
Како изгледаше пред пластичните операции?
Н. Г. | Црнобело