Ќерката на Том Круз ќе полни 10 години: Како изгледа денес Сури?
- Детали
- четврток, 24 март 2016
Сури Круз – ќерката на Кејти Холмс и Том Круз е веќе порасната. Малечкото слатко девојче ќе полни 10 години за помалку од месец.
Не можеме често да ја видиме во јавноста, затоа што нејзината мајка, со која живее во Њујорк, најчесто ја крие од љубопитните фотографи, но овојпат успеаја да ги уловат на кошаркарски натпревар во Бруклин.
Како што поминува времето, така се појасно станува дека Сури е вистинска копија на нејзината мајка, од која го наследила изгледот, но и љубовта кон танцувањето. Девојчето редовно посетува часови по балет, а во склоп на училишната настава учи и кинески јазик.
Во ваквиот „зафатен“ детски распоред, сепак мора да се најде време за квалитетно дружење со мама. Тие две често одат на кошаркарски натпревари и со големо задоволство ја следат играта, а можеби тоа е знак дека Сури сепак повеќе е заинтересирана за спорт отколку за светот на уметноста.
С. С. | Црнобело