Холивудски парови кои ќе ве убедат дека вистинската љубов постои
- Детали
- вторник, 22 март 2016
Сите ние посакуваме да бидеме сакани и разбрани, да постои некој човек кој би можеле слободно да го наречеме оној Вистинскиот, сродната душа.
Додека многу често сведочиме за прекинувањата на врските и браковите, во Холивуд, постојат и ѕвезди кои ќе ве убедат токму во спротивното - вистинската долговечна љубов постои.
15 познати парови кои инспирираат со својата посветеност еден кон друг:
1. Роберт Дауни Џуниор и Сузан Дауни
Сузан е вистинската партнерка на Ајрон Мен за која тој вели дека му помогнала да го надмине алкохолизмот.
2. Џорџ Клуни и Амал Клуни
Милиони девојки и жени барем еднаш во животот сонувале да бидат покрај Џорџ Клуни - вечниот ерген. Или барем тоа важеше сè додека не ја запозна Амал.
3. Ченинг Татум и Џена Татум
Се запознале пред 10 години на снимањето на „Step Up“, а оттогаш се неразделни.
4. Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
По 9 години врска и 4 години брак, Тимберлејк и Бил сè уште се среќни заедно.
5. Бенедикт Камбербач и Софи Хантер
Шерлок Хоумс на 21-от век и неговата сопруга Софи се обожаваат еден со друг. Актерот тврди дека не е лесно да се живее со него, но Софи успешно се соочува со тешката задача.
6. Бред Пит и Анџелина Џоли
Дали постои некој на планетава Земја кој не слушнал за „Бранџелина“?
7. Крис Хемсворт и Елса Патаки
Срцето на моќниот Тор го освои оваа шармантна дама. Години за нив воопшто не се проблем (Крис е 7 години помал од неа).
Уште 8 парови на следната страна...