Венчаница од половина милион долари – Ретки фотки од свадбата на Салма Хајек со сопственикот на Balenciaga
- Детали
- петок, 26 април 2024
По повод 15-тата годишнина од бракот со сопственикот на Balenciaga, Салма Хајек се присети на нивната раскошна свадба во Венеција. Прославата траеше 2 дена, а семејството на милијардерот ги купи старите градби во кои се славеше.
Салма Хајек и милијардерот Франсоа Хенри Пино ја прославија 15-тата годишнина од бракот.
По тој повод, 57-годишната актерка сподели ретки фотки од нивната раскошна свадба. Во јавност речиси и да нема фотографии од свадбата која се одржа во 2009 година.
На едната фотка, во преден план е лицето на убавата актерка и најверојатно е направена за време на подготовките.
На втората фотка се гледа венчаницата на Салма која чини скоро половина милион евра, а лево од неа има уште еден бел фустан.
Последната фотка е мигот кога сопственикот на Balenciaga ѝ ја става бурмата на Салма за време на церемонијата.
„Нема зборови со кои можам да го опишам благословот од тоа да си ја најдете вашата сродна душа.
Ако сте ја нашле, не ја земајте ’здраво за готово‘. Ако уште не сте ја нашле, не се откажувајте.
Потсетување на еден од најубавите денови од мојот живот“, стои во описот на објавата.
Свадбата на актерката и милијардерот своевремено беше настан за кој се зборуваше наголемо.
Прославата се одржа во Венеција и траеше два дена, а почна со маскенбал во Punta della Dogana – една од постарите градби во Венеција.
Интересно е што семејството на милијардерот ја купи градбата во 2007 година и ја реновира, за во 2009-та да ја отворат како музеј за уметност по свадбата.
Самата церемонија, пак, се одржа во оперската куќа La Fenice која е една од најстарите во Европа.
Потоа, младенците и гостите прославија во палатата Grassi која има посебно значење за Салма и Франсоа. Имено, тие се запознале токму во палатата на гала свеченост.
Семејството на милијардерот веќе ја поседуваше палатата на денот на венчавката.
Меѓу гостите на актерката и бизнисменот беа некои од најпознатите имиња од светот на шоу-бизнисот, како Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Шарлиз Терон и Ана Винтур.
Но, пред раскошната венчавка, Салма и сопругот направија интимна церемонија само за нив двајцата и најблиските членови на семејството.
Приватната церемонија се одржа на Денот на вљубените, па сега тие ги слават и двете годишнини.
А, актерката има откриено дека сопругот ја изненадил со венчавката за Денот на вљубените:
„Само ме однесе кај матичар. Моите родители, брат ми, сите се собраа… Тогаш како да имав фобија од брак“.
Низ годините, Франсоа не заборавал да ја покаже својата љубов кон Салма, па во 2018-та ја изненадил со уште една церемонија во Бора Бора. Овој пат, актерката и милијардерот ги обновиле нивните завети.
Пред некоја година, Салма откри која е тајната за нивниот среќен брак:
„И двајцата сакаме другиот да биде најдобрата верзија од себе. Јас сум многу среќна кога сопругот напреднува.
И, немаме некој бурен социјален живот бидејќи сакаме да сме сами заедно. Па, минуваме многу квалитетно време заедно“.
Прочитајте и: Кога се запознале тој чекал дете од друга жена, молчи за неговите скандали – Факти за бракот на Салма Хајек и сопственикот на Balenciaga
Спирова С. | Црнобело