Зек Мико - Првиот машки плус-сајз модел (фото)
- Детали
- недела, 20 март 2016
Модната агенција IMG models одлучила конечно да доведе и машки plus size модел, а како прв маж со таква титула во историјата влегува Зек Мико.
Мажите кои спаѓаат во категоријата на пополни мажи отсега ќе се нареува brawn – што во слободен превод значи силен и развиен маж.
Зек е висок 198cm, струк широк 120cm и дефинитивно може да се каже дека е вистински примерок на висок и силен маж.
„Среќен сум што можам конечно да кажам дека го потпишав договорот. Позитивното размислување за телото ми го промени животот. Секоја личност, од секоја големина и облик е убава.“ – напишал тој на својот Инстаграм профил.
Тој сега ќе работи со Ешли Грахам – првиот женски супермодел со облини чија кариера е исто така лансирана токму од оваа агенција. Но, за разлика од Ешли која се труди здраво да се храни, Зек сепак попрво би се препуштил на мрсната храна и секако по некоја голтка пиво – т.е. омилената „диета“ на многу мажи.
Зек е тек на почеток од својата кариера, но веќе има голема бројка обожаватели кои ја поздравуваат оваа одлука.
С. С. | Црнобело