Бурна љубовна приказна: Биле родени еден за друг, но силната љубов ги раздвоила
- Детали
- вторник, 15 март 2016
Бурна љубов - брак, развод, па повторно венчање... Така изгледала врската на легендарните актери Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.
Биле како родени еден за друг, заедничките моменти им биле исполнети со страст, но ја прекинале врската.
Силата на нивната љубов ги натерала да ја прекинат врската. Но, таа иста сила и ги терала повторно да бидат заедно.
Можеби ова ви звучи чудно, но така се сакале.
За нивната љубов - лично од Ричард Бартон:
„Таа е болка во мојот стомак кога сум далеку од неа и моја најголема среќа, вечно ќе ја сакам“ - напишал Бартон во својот дневник кој во 2012-та бил објавен од британските медиуми.
За оваа љубов многумина велат дека била највозбудливата врска меѓу познатите во 20-от век, а почнала на посебен начин.
„Се сретнавме во 1963-та на снимањето на филмот „Клеопатра“. Кога пристигнав на снимањето веднаш дојдов до Лиз и ѝ реков: „Дали некој ти кажал дека си преубава девојка?“. Рацете ми се тресеа, имав тежок мамурлак, но очигледно не се плашев од неа“ - открил актерот.
Во дневникот тој објаснува дека Елизабет пред да го запознае го сметала за голем интелектуалец, љубовник и духовит човек, па со оваа банална реченица ја изненадил.
Банална или не, очигледно била пресудна.
„Двајцата бевме во брак, но таа привлечност за миг пламна и веднаш знаев дека нема да можам да се одвојам од неа“ - напишал Ричард.
Кога се сретнале, Елизабет имала 31 година, а Ричард 38 години. Таа била во брак со Еди Фишер, а Бартон со Сибил Вилијамс.
Првпат се венчале во 1964-та година во Монтреал, а тој прв брак траел цела една деценија. Холивуд со големо внимание ја следел нивната врска.
Колку повеќе биле несекојдневни, отпорни на љубомора и бурни испади, толку биле поинтересни.
Само четири години пред нивниот развод, 1974-та година, Бартон напишал во својот дневник:
„Целиот мој живот бев необично среќен, но најголема среќа од сè ми е Елизабет. Ме претвори во човек од пример. Може да ги трпи моите глупости, да толерира сè што кај мене е неподносливо, да ме разбира и да ми простува“.
А, потоа додал и нешто што може да открие која е причината за нивниот развод:
„Но, таа е нескротлива, а тоа често предизвикува голем бес во мене и од немоќ, почнувам да ја навредувам. Во кревет функционираме одлично, а потоа кога ќе станеме, почнува пеколот“.
Само четири дена пред нивниот развод, на 10-годишнината од бракот, Елизабет напишала писмо за својот сопруг:
„Мој мил (и понатаму) мој сопруг. Би сакала да ти кажам за мојата љубов кон тебе, за мојот страв, возбуда, чисто животинско задоволство за тебе и со тебе, моја љубомора, гордост и повремен бес на тебе.
Повеќе од сè за мојата љубов кон тебе. Би сакала да пишувам за тоа, но не можам. Можам само да си зборувам со себе и да се надевам дека ќе ме разбереш, ќе разбереш како навистина се чувствувам.
Во секој случај, копнеам по тебе. Твоја (и понатаму) жена. Ајде да не ја земаме љубовта здраво за готово. Замисли - 10 години!“.
Поминала само една година од нивниот развод до нивниот втор брак во 1975-та година во Боцвана.
Во тој период медиумите пишувале дека Бартон се гледал со келнерка, а Тејлор со продавач на половни автомобили.
„Бракот со тебе е како на крај на вулкан. Но, те молам, преубава жено! Ако некој те повреди, само прати ми порака како „потребен си ми“ или некој магичен збор и Елизабет, јас ќе се појавам побрзо од звукот“ - ѝ напишал Бартон на Елизабет.
По вториот брак повторно се развеле. По разводот Ричард се венчал уште двапати со Сузан Хант и Сали Хеј. Двапати се венчала и Елизабет, за Џон Ворнер и Лари Фортенскин.
Покрај разводот и новите врски, онаа стара љубов никогаш не престанала.
Неколку дена пред да умре, во 1984-та година, Бартон ѝ оставил писмо на Елизабет.
Неговите реченици со децении ги чувала и не ги откривала за јавноста, а на крајот побара да биде закопана со нив.
Елизабет Тејлор почина во 2011-та година.
Н. Г. | Црнобело