Анџелина Џоли и Бред Пит пред развод поради нејзината љубомора!?
- Детали
- четврток, 10 март 2016
Неодамна започнаа да се шират шпекулации дека Анџелина Џоли и Бред Пит најверојатно ќе се разведат. Причина? Неконтролираната љубомора на Анџелина за новата актерка со која соработува Бред.
Бред Пит започнал да поминува сè поголем дел од своето време со актерката Марион Котилард, а Анџелина Џоли, според изјавите на блиски извори, воопшто не е среќна поради тоа.
Нејзината љубомора околу ситуацијата е толку сериозна што Бред Пит е подготвен да се разведе.
Помеѓу Бред и Марион не се случува ништо романтично, но тој бил прилично заинтересиран и воодушевен од неа уште од самиот почеток на снимањето на новиот филм кој се случува во Втората светска војна.
„Анџелина беше еднаш таа згодна актерка која го заведе за време на снимањето на нивниот прв заеднички филм, па оттогаш таа е убедена дека постои можноста некој друга актерка да го заведе Бред Пит исто како неа“ - тврди близок извор на парот.
Бред работел досега со повеќе згодни актерки, но ниту една не била причина Анџелина да биде неконтролирано љубоморна.
Што ја прави Марион поразлична?
„Таа е токму оној вид на сензационална европска актерка каква што Енџи посакувала да биде и ја игра токму онаа улога која Енџи отсекогаш ја посакувала. Плус има уште нешто што Енџи го нема, Оскар за најдобра актерка во главна улога“ - додава изворот.
Не е првпат да се рашират вакви шпекулации за славниот пар, но дали овојпат навистина нешто сериозно се случува?
Н. Г. | Црнобело