Леонардо ди Каприо во интервју од 2004-та: Со Кејт го доживеав најубавиот бакнеж (видео)
- Детали
- среда, 02 март 2016
Веројатно никогаш нема да престанеме да сакаме да слушаме и гледаме моменти од „врската“ која Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет ја имаат по снимањето на култниот филм Титаник.
Во 2014-та година, Лео бил дел од шоуто на Опра Винфри, каде добива прашање од еден од неговите фанови: „Кој е твојот омилен сценски бакнеж?“.
Леонардо без двоумење изјавува дека омилениот бакнеж му е оној со Кејт Винслет.
Опра потоа пушта видео од 1998-та година каде Винслет зборува за ди Каприо: „Се чувствував како што веројатно се чувствуваат сите жени тука во публиката. На почетокот си мислев: Како ли ќе работам со толку згоден маж кој е и брилијантен актер? Потоа го запознав и да бидам искрена тој е прекрасен човек, нормален и толку добар во сè што прави.“.
Одговорот на ди Каприо: „Тоа е мојата девојка. Јас го чувствувам истото за неа. Ако не беше токму Кејт дел од филмот, не знам што ќе правев. Тоа беше еден од најтешките филмови на кои имам работено и среќен сум што бевме партнери во него“.
Н. Г. | Црнобело