6-те најсмешни моменти од Оскарите (видео)
- Детали
- понеделник, 29 февруари 2016
Оскарите можеби се сериозен настан кој е од најголема важност за сите холивудски актери, но тоа не значи дека отсуствува секаква смеа. Секоја година барем еден комичар остава зад себе скеч кој ќе биде долго паметен.
Кои беа најсмешните настани на овогодинешните Оскари?
1. Монологот на Крис Рок
По недели дебатирање околу тоа дали на Оскарите има само бели актери, многу луѓе сакаа да знаат што има Крис Рок да каже за тоа. Неговиот настап со сигурност ќе ве насмее.
Вели дека „досега видел барем 15 афро-американци на наградите кои се познати како White People’s Choice Awards“.
2. Вупи Голдберг направи римејк на филмот „Joy“
Голдберг се појавува како чистачка.
3. Тина Феј и Стив Карел ја презентираат наградата за најдобар дизајн на продукција
Оваа награда тие ја најавија како награда на дизајнерите кои „нè носат во нови прекрасни светови како внатрешноста на вселенски брод, местото каде живее некоја мечка или студиото на еден уметник од Копенхаген“. Овој коментар се однесува на филмовите „The Martian“, „The Revenant“ и „The Danish Girl“.
4. Крис Рок направи римејк на „The Martian“
Можете да го замислите Крис Рок во улога на астронаутот кој преживеа на Марс?
5. Луис Ц. К. Ја презентираше наградата за најдобар краток документарец
Објаснува кое е значењето на Оскарите за документарните филмови - секако на шеговит начин.
6. Џејкон Тремблеј и Абрахам Ата ја презентираат наградата најдобар краткометражен филм
Можете да замислите како изгледа кога едно малечко момче е во улога на презентер?
Н. Г. | Црнобело