Прво интервју на Џенифер Гарнер по разводот: „Бевме раздвоени со месеци пред да дознаам за дадилката“

Џенифер Гарнер и Бен Афлек ја објавија веста за развод по 10 години брак, а во првото интервју за Vanity Fair Џенифер ја споделува својата страна од приказната.

prvo-intervju-na-jennifer-garner-po-razvodot-nikoj-ne-treba-da-go-mrazi-ben-aflek-za-mene-01.jpg

„Еден ден пуштив CNN и таму бевме. Не можам да го правам ова повеќе. Минатото лето си ветив дека ќе останам тивка. Апсолутно не знам што се случува. Бен вели: Не се грижиш, а јас велам: Не, баш е спротивното. Многу ме повредува затоа што премногу се грижам.“

Џенифер никогаш не очекувала дека бракот ќе се распадне.

„Ова беше вистински брак. Не беше заради камери и слава. И беше огромен приоритет да останам во него. А, сепак не успеа.

Не се омажив со него затоа што е голема филмска ѕвезда, се омажив за тоа што е. И никогаш не би ја поништила таа одлука. Шетав покрај плажа со него и повторно би го направила тоа. Тој е љубовта на мојот живот. Сега што ќе правам со тоа?

Тој е најбрилијантната личност, најхаризматичната и најдарежливата. Само, тој е комплициран човек.

Секако, ова не е тоа што го мислев кога правевме романтични прошетки покрај плажа, но моментално тоа е моето мислење. Сè уште треба да си помогнеме да го надминеме ова. Тој е единствената личност која ја знае вистината за целата ситуација. И јас сум единствената личност која ги знае неговите тајни и вистини.“

Како причина за разводот се наведуваше дадилката Кристин, но Џенифер Гарнер има поинаков коментар на таа тема:

„Бевме раздвоени со месеци пред да слушнам за дадилката. Таа немаше никаква врска со нашата одлука да се разведеме. Лоша проценка? Да. Не се грижете, моите очи беа широко отворени додека бев во брак.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Сопругата му го прости неверството, се прослави со „Laura non c’e“: Се сеќавате ли на Нек? Со продорно сините очи и имиџот на бунтовник, италијанскиот пејач Филипо Невиани...
Не излегува без обезбедување, по Евросонг ќе оди во војска: Животната приказна на Израелката Иден Го... Израелската претставничка Иден Голан е „најомразената личност“ на Евросонг 2024....
„Ова боли“ – Ким Кардашијан ја покажа воспалената кожа на ногата од псоријаза „Како да се протега по целата нога... Ова е лудо!“ – Ким Кардашијан одблиску пок...
Католичката црква ја осуди, „растури“ 3 љубовни врски – Која е Сабрина Карпентер, пејачката која се ... Иако е активна повеќе од десет години, Сабрина Карпентер се прослави дури година...
Што носеа ѕвездите на Златни Глобуси 2024? (фото) Марго Роби беше вистинска Барби во долг розов фустан, додека од мажите дефинитив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg