Викторија Бекам веќе не може да носи високи штикли?
- Детали
- четврток, 25 февруари 2016
На Викторија Бекам уште во 2011-та година ѝ беше предложено да се откаже од високите штикли ако сака да си го сочува здравјето на стапалата, но и во наредните 5 години ја гледавме во вртоглаво високи чевли.
Модната дизајнерка сега сепак решава да се откаже од нив заради комфорот кој патиките и рамните обувки го нудат.
Во нејзиното најново интервју, 41-годишната Викторија објаснува зошто гламурозните 15-сантиметарски штикли веќе не се практични како порано:
„Едноставно веќе не можам да носам штикли. Барем не додека работам. Многу патувам, па облеката мора да биде едноставна и удобна.“
Појавувањето на сопствената ревија облечена во елегантни панталони, дебела ролка и спортски бели патики беше само најава за кежуал трансформацијата на Викторија.
М. Д. | Црнобело