- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Хулк Хоган на 70 години си направи крштевка: Со сопругата со која се венча пред 3 месеци имаа заедничка церемонија
- Детали
- четврток, 21 декември 2023
Светски познатиот борач Хулк Хоган и неговата трета сопруга имаа церемонија на свето крштевање. Тој сподели видеа и фотографии од церемонијата што била направена во базен на католички храм во Флорида.
Вообичаено христијанските верници светата церемонија на крштевање и воведување во христовата вера ја вршат кога нивните деца се сѐ уште мали, но најпознатиот и највлијателниот професионален борач Хулк Хоган одлучи тоа да го направи на 70 години.
Хулк на социјалните мрежи сподели видеа и фотографии од церемонијата на светото крштевање, наменета за него и за неговата сопруг Скај Дејли Хоган.
„Целосно предавање и посветеност на Исус во најубавиот ден во мојот живот. Нема грижи, нема осуди, нема омраза... Само љубов“ – напиша Хулк до фотографиите и видеата.
Како што може да се види на фотките и видеата, борачот и неговата сопруга биле облечени во целосно бели аутфити, а Хулк овој пат носеше бела марама на главата и голем сребрен крст.
Во минатото Хулк јавно зборуваше дека на 14 години ја прифатил христовата вера и дека религијата му помогнала да остане на вистинскиот пат.
Во 2009-та година по разводот со сопругата Линда, Хулк рече дека религијата му помогнала.
„Целосно се потпирав на мојата религија. Го прифатив Исус Христос како мој спасител. Тој умре на кррстот и плати за моите гревови.
Најдов голем број пријатели што ми зборуваа за тоа што значи да се биде позитивен и да размислувам позитивно. Можев да тргнам во погрешен правец. Можев да се самоуништам, но го избрав вистинскиот пат“ – рече Хулк.
Инаку, Хулк и Скај стапија во брак во септември годинава. Таа е негова трета сопруга и е 25 години помлада од него.
Борачот за неговиот 70-ти роденден објави нивна заедничка фотографија и рече дека никогаш не бил посреќен во животот.
Б. С. Б. | Црнобело