Џорџ Клуни открива како ја запросил Амал: „Потребни ѝ беа 25 минути да каже Да“
- Детали
- петок, 05 февруари 2016
Долго време се чинеше дека Џорџ Клуни никогаш нема да биде во брак, но пред речиси година дена тој го кажа судбоносното „Да“ со Амал Аламудин.
На спектакуларната свадба ѝ претходело романтично запросување, но работите не се одвивале така лесно.
Во шоуто на Елен Деџенерис, Џорџ Клуни го објаснува чудното запросување кое иако долго време го планирал, не се случило онака баш како што планирал.
„Размислував 6 месеци пред да ја запросам. Тоа беше еден од оние страшни моменти. Претходно не зборувавме за венчавка и дали би го направиле тоа или не...“ - вели Клуни.
Самото запросување не било спонтано, но сепак не се одвивало по плановите на Клуни. Подготвил храна, прстенот го сокрил, се погрижил за музиката и чекал својата избраничка да се врати од Лондон.
„Сè испланирав. Го сокрив прстенот, ја спремив музиката, а таа по вечерата оди да ги мие садовите, а тоа никогаш не го направила. Потоа ја изгасив свеќата и ја замолив повторно да ја запали. Ѝ реков дека запалка може да има во кутијата покрај неа. Ја зема во раце кутијата ја отвора и ме погледна чудно и ми рече: Прстен е ова...“ - објаснува Клуни.
На почетокот воопшто не можела да поверува во ситуацијата. Поточно, Клуни чекал цели 25 минути за да го добие одговорот.
„Клекнав на колено и почнав да ѝ кажувам како не можам да го замислам животот без неа, а таа ме гледаше чудно. Цели 25 минути не можеше да сфати што се случува. Имам 52 години, можам да си го искршам колкот ако продолжам да чекам на колено... И рече да“ - заклучува тој.
Н. Г. | Црнобело