3 трикови со чија помош Мараја Кери ослабе 14 килограми за 3 месеци
- Детали
- среда, 20 јануари 2016
Мараја Кери некогаш беше секс симбол, а потоа накачи 20-тина килограми и оттогаш започна да води борба со тежината.
Во август 2015-та ситуацијата кулминираше, кога го откри големиот стомак, но сепак половина година подоцна изгледа подобро од било кога.
Ова се нејзините 3 трикови со кои извојува победа над килограмите:
1. Внесува 1.500 калории дневно
Првата работа која Мараја ја направила бил разговор со нутриционист. Сега се придржува до програмата за здрава исхрана на Џени Крејг, која вбројува само 1.500 калории во текот на денот. Покрај тоа, се труди да нема големи оброци, туку помали и почести.
2. Вежбање 3 пати неделно
Откако се породила со царски рез, Мараја Кери одреден период не можела да вежба и токму тогаш сфатила дека 90% од слабеењето се базира на активности и правилна исхрана. Нешто подоцна одбрала пливање и вежбање во вода - спортови кои ја донеле до совршената линија.
3. Без мерење
Наместо секојдневно да се мери, Мараја Кери решила да заборави на вагата и едноставно да се води по тоа како се чувствува во својата кожа. Пречестото мерење знае да демотивира, па затоа таа советува да не го правите секојдневно. Наместо тоа, славната пејачка одредувала колку ослабела врз основа на тоа како и стои облеката која до пред извесно време и била тесна.
Д. М. | Црнобело