Колку заработуваат моделите од нивните објави на социјалните мрежи?
- Детали
- петок, 18 декември 2015
Познатите личности своите твитови ги носат веднаш во банките. Доколку сте еден од нивните следбеници на социјалните мрежи, им помагате да заработат многу пари. 6 цифри во долари да бидеме конкретни.
Френк Спадафора поранешен кастинг директор и сопственик на апликација која ги рангира моделите „D`Marie Archive“ ги споделил 3-те највисоко рангирани модели на социјалните мрежи: Кендал Џенер, Кара Делевињ и Џиџи Хадид.
Нивната заработка од социјалните мрежи се движи од 125.000 - 300.000 долари од една објава.
-->-->
По нив доаѓаат Карли Клос, Бехати Принсло и Миранда Кер чија заработка од една Фејсбук, Инстаграм или Твитер објава се движи меѓу 25.000 и 50.000 долари.