Цеца сака бебе?
- Детали
- четврток, 31 декември 2009
Фолк пеачката Светлана Ражњатовиќ открила дека сака да добие дете со манекенот Владимир Цветковиќ. Поранешната сопруга на Жељко Ражњатовиќ...
...во последните десет години не сакаше да зборува за јавно за својот љубовен живот, но откако во него влезе згодниот новосаѓанец, работите се променија.
Сега Цеца е повеќе од расположена јавно да ги открива деталите од својата романса со Цвеле.
„Владимир го забележав заради физичкиот изглед. Кога се запознавме сфатив дека сме компатибилни и дека имаме исти интереси. Меѓу нас постоеше некоја хемија и тоа беше пресудно“ – рекла Цеца.
Кога ја прашале дали би имала дете со Владимир, Цеца одговорила „Зошто да не бидам мајка на неговите деца? Па тој е мој избор. Не би била со човек за кој не ми е гајле“ – признала Цеца.