Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дејвид Бекам разочаран од својот син Ромео

Најпознатиот и најзгодниот маж за 2015 година според магазинот People останал разочаран од одлуката на неговиот син Ромео.

dejvid-bekam-razocaran-od-svojot-sin-romeo-01.jpg

Во последното интервју за Radio Times, Бекам изјавил дека неговиот син му соопштил дека сака да прекине со тренинзите по фудбал.

Причините за тоа се неговите ангажмани во светот на модата, каде тој е еден од главните заштитни лица на брендот Burberry, како и неговата желба за една сосема поинаква област, фотографијата.

Бекам признава дека се почувствувал малку разочарано што неговиот син не сака да ги следи неговите стапки, но дека истовремено е и среќен, знаејќи дека синот има свои страсти на кои е посветен.

dejvid-bekam-razocaran-od-svojot-sin-romeo-1.jpg

„Родителите многу често сакаат нивните деца да ја следат патеката која тие ја одбрале за нив. Понекогаш децата се пронаоѓаат во таа патека а понекогаш не. Како што растат, нивните желби и замисли се менуваат и многу често се случува да тргнат по сосема своја патека. Иако Ромео реши да се откаже од фудбалот среќен сум што постојат други работи кои го исполнуваат и сака да им се посвети“ – изјавува Бекам.

Колку за потсетување, Ромео е вториот син на Дејвид и Викторија, кои освен него имаат уште два други сина, Бруклин и Круз, и малата ќеркичка Харпер. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сем Ашгари ја покажа новата девојка: „Бритни се надева дека ќе ѝ обрне внимание, наместо да игра вид... Сем Ашгари првпат сподели фотки со новата 30-годишна девојка, а во коментари доб...
Познати мажи кои на црвениот тепих се имаат појавено со впечатлива шминка Од нежна подлога, до драматичен изглед, погледнете како изгледале некои од ...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
Бен Афлек ослабен и со обелена коса по разводот – минува повеќе време со децата и бившата Џенифер Га... Бен Афлек деновиве беше забележан со синот и нивното ново куче на семејна прошет...
Татко му бил убиен од бивша девојка – Тажни детали од животот на Еди Марфи Еди Марфи го загубил татко му кога имал само осум години. Тој бил убиен од жена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg