Канје Вест: „Го чекам мојот син да пристигне во секој момент“
- Детали
- петок, 04 декември 2015
Канје Вест ја доби наградата „the Shoe of the Year“ за моделот на патики „Adidas Yeezy Boost 350“ на 29-тите годишни награди и релаксирано и весело разговара за своето семејство.
Пристигнува на сцената и искрено вели: „Чекам да пристигне мојот син во секој момент“ и понатаму продолжува „Ја гледам мојата ќерка и мојата сопруга и таа е богата, па јас не планирам да бидам сиромашен“.
Ким признава дека нејзиниот сопруг има влијание на нејзиниот стил, но истото го признава и Канје за неа. 38-годишниот рапер отворено признава дека неговата сопруга знае да ги одбере парчињата облека кои ќе ги носи тој: „Знам што мислите – каде ми е сакото? Но, мојата сопруга не е тука, па не носам сако“.
Исто така, се отвора и за неговата ќерка: „Можеби не знае да склопи реченица, но ни носи радост и знам дека ќе порасне во човек од кој ќе се гордееме“.
Повеќе од очигледно е дека Канје е еден среќен татко кој е во исчекување на своето второ дете.