Славни венчавки чувани во строга тајност
- Детали
- вторник, 01 декември 2015
Додека некои познати личности се наоѓаат во центарот на вниманието и камерите постојано се свртени кон нив, а тие уживаат во правење на секој чекор, некои сакаат да задржат дел од својот живот за себе.
Тоа ги вклучува и свадбите на некои од познатите, кои ги одржале на страна камерите и новинарите.
1. Мери-Кејт Олсен и Оливер Саркози се последниот пар кој направи тајна венчавка, без ниту еден новинар на неа.
2. Џенифер Анистон и Џастин Теру после многу години во врска и многу озборувања за бебе, ја изненадија јавноста со топ тајна венчавка во нивниот двор.
3. Бенџи Маден и Камерон Дијаз по кратко време во врска направија тајна свадба во нивниот дом во Беверли Хилс во јануари 2015.
4. За венчавката на Мила Кунис и Ештон Качер не се знаеја никакви детали, не постојат дати ниту фотографии и не беше потврдена свадбата, сè додека Мила не го покажа својот прстен на гостувањето на шоуто на Џејмс Корден неколку месеци подоцна.
5. Зое Салдана и Марко Перего својата свадбена церемонија ја испланирале за само 3 недели во септември 2013 година и ги чуваат сите детали од венчавката за себе. Единствено што имаа споделено е дека Марко го има сменето своето презиме со презимето на Зое.
6. Бијонсе и Џеј Зи се пар кој поголемиот дел од приватниот го држат подалеку од јавноста. Тие во 2008 година кажале „ДА“ во станот на Џеј Зи во Њујорк.
7. Жизел и Том Брејди испланирале две тајни венчавки, една во Санта Моника во мала црква, а другата во нивниот дом во Костарика. Фустанот на Жизел се дозна дури по 5 години, преку Инстаграм, но дизајнерот сè уште е непознат.
8. За венчавката на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс сè уште се знае многу малку. Таа се одржала во септември 2012.
М. Д. | Црнобело