Амал Клуни без вереничкиот прстен?!
- Детали
- вторник, 24 ноември 2015
Ако веднаш помисливте дека љубовната приказна меѓу Амал и Џорџ Клуни завршила не грижете, воопшто не е така.
Сопругата на познатиот актер Џорџ Клуни едноставно решила да не го носи вереничкиот прстен, сметајќи дека истиот не соодветствува на нејзината професија.
Амал која во светот на правото важи за еден од најдобрите адвокати од областа на човековите права и работи на меѓународни случаи, решила дека прстенот одвлекува премногу внимание.
Амал е позната по својот ненаметлив и беспрекорен стил кој може да се забележи не само во судницата, туку и надвор од неа.
Колку за потсетување, станува збор за 7 каратен дијамантски прстен кој чини 680.000 долари.
М. С. | Црнобело