Виклер-развод заради Милица
- Детали
- четврток, 24 декември 2009
Иако музичарот Скај Виклер пред само 3 месеци се ожени за ќерката на глумецот Александар Берчек, Мина Берчек, веќе почнаа шпекулациите за нивниот развод.
И тоа ни помалку, ни повеќе – заради Милица Мајсторовиќ од Операција Триумф.
Еве што вели Скај на ова: “Ма тоа е најобична глупост! Не зна зошто секогаш ми се јавувате кога има некој трач. Оставете ме да живеам нормален живот и да бидам среќен“.
Меѓутоа, кога Милица била запрашана за нивната романса таа била мошне таинствена во одговорите:
“Тој е женет човек и било какви детали од неговиот живот не би било во ред јас да ги изнесувам. Најдобро е да му се јавите нему“.
На прашањето дали има дечко таа одговорила: “Имам и сум многу заљубена. Не сакам да го откривам неговиот идентитет“.
На прашањето дали Скај Виклер и е дечко, таа се насмевнала и додала: “Не сакам да одговорам. Вие мислите за тоа. Разбирам дека медиумите сакаат да знаат за мојот приватен живот, но јас не сакам да зборувам за тоа повеќе“.