Забавни факти за Адел низ бројки - има 5 тетоважи, а на 4 години почнала да пее
- Детали
- петок, 20 ноември 2015
Познатата пејачка е вистински хит последниве денови со нејзините нови песни кои се дел од албумот „25“.
По долгата пауза од 3 години таа се врати на сцената во полна пареа со вистински хитови.
Па, во чест на нејзиното враќање, еве неколку интересни и забавни факти за омилената британска пејачка...
30 - должината во секунди за рекламата за нејзиниот нов албум која беше прикажана за време на Х-фактор (нејзините обожаватели тотално полудеа).
1 - бројот на турнеи кои таа морала да ги откаже заради проблеми со гласот. Признава дека дел од овие проблеми биле поради бурната врска со нејзиното момче.
14 - тежината, во килограми, на нејзините 6 Греми награди.
94 - бројот на денови пред таа да го одреди името на нејзиниот син, Анџело.
2 - бројот на шеќерчиња кои таа ги сака во своето кафе.
10 - бројот на спални соби кои ги има во нејзината вила.
3 - бројот на Гинисови рекорди кои таа ги држи. Првиот бидејќи е првиот женски изведувач да има два хита и два албуми во исто време на топ 5 листата во Британија, вториот бидејќи нејзиниот албум бил најдолго број 1 на топ листите и третиот, затоа што нејзиниот албум „21“ ги сруши рекордите за најбрзо време на топ листите.
6 - местото на кое се најде Адел на листата за најплатени познати личности во 2012 година.
4 - возраста на која таа почнала да пее.
5 - бројот на тетоважи кои таа ги има, две на нејзиниот лев зглоб, по една на рацете и една позади увото.
М.Д. | Црнобело