Како изгледаат Victoria's Secret моделите без шминка?
- Детали
- четврток, 12 ноември 2015
Се случи и овогодинешното шоу на Victoria’s Secret каде секоја година, одново и одново можеме да сретнеме прекрасни модели кои носат скапи градници и долна облека. Секако тука се и некои од најубавите ангелски крила кои секоја девојка сонува да ги носи.
Многумина велат дека убавината на овие модели доаѓа од бројните стилисти кои со часови и часови ги подготвуваат за да настапат на модната писта и тоа никој не може да го негира.
Пред тоа, секако, доаѓаат подготовките кои траат со месеци, па и години на тренинзи и строги режими на исхраната.
Но, од друга страна пак, тука е и природната убавина на овие девојки за која сведочат нивните приватни фотографии: