Адам Левин како Бритни Спирс и Гвен Стефани како Дрејк - на караоке кај Џими Фелон (видео)
- Детали
- среда, 28 октомври 2015
Џими Фелон секогаш успева да наиде на некоја одлична идеја со која шоуто ќе го направи забавно за гледачите, а што може да направи кога на располагање ги има судиите од „The Voice“? Одлучил да им зададе мал предизвик кој го нарекува „Spin The Microphone“.
Играта се базира на добро познатата забавна игра вртење на шише, но во овој случај наместо шише се врти микрофон со кој се одлучува која е следната личност која ќе пее караоке.
Првиот избор паѓа на Адам Левин кој треба да ја пее песната „Oops… I Did It Again“ од Бритни Спирс, а потоа следи Блејк Шелтон со „YMCA“, Фарел и Џими и како за крај Гвен Стефани и Блејк со одличен кавер на песната „Hotline Bling“.