Од свечени фустани до фармерки и тренерки на овогодинешните MTV EMA 2015 (фото)
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2015
Водени од Руби Роуз и Ед Ширан, овогодинешните MTV EMA награди беа шоу вредно за следење.
На црвениот тепих се појавија звучни имиња како Ели Голдинг, Хејли Болдвин, Џастин Бибер, Шеј Мичел, нејзината колешка Ешли Бенсон, женската група Fifth Harmony...
Што се однесува до модниот избор, годинава немаше некои посебни погодоци и утки.
Меѓу најдобро облечените може да ја сместиме Шеј Мичел во долгиот фустан со длабоко деколте, Хајли Болдвин со младешко, провокативно мини фустанче, но и водителката - Руби Роуз со откопчаното сако.
Меѓу момците највпечатлив беше Џастин Бибер облечен во црвено од глава до пети со нешто потемен блузон, Фарел Вилијамс кој заедно со својата сопруга се појави во фармерки, додека Новак Ѓоковиќ и Ед Ширан носеа класични одела.
Формалноста на настанот беше под знак прашалник токму од оваа причина, што некои ѕвезди се појавија во свечени толаети, други во обични тренерки и фармерки.