Емотивно видео: Мајкл Џ. Фокс, кој има Паркинсонова болест, настапи со Coldplay на фестивал во Англија

За време на концертот на Coldplay на музичкиот фестивал Glastonbury, на огромно изненадување на сите, на сцената се појави Мајкл Џ. Фокс кој страда од Паркинсонова болест и со бендот го свиреше нивниот хит Fix You.

emotivno-video-majkl-dzh-foks-koj-ima-parkinsonova-bolest-nastapi-so-coldplay-na-festival-vo-anglija-01.jpg

Деновиве во Англија се одржува познатиот музички фестивал Glastonbury, а од сите изведувачи, можеби најголемо изненадување за присутните беше Мајкл Џ. Фокс.

Актерот, кој страда од Паркинсонова болест, се качи на сцената со познатиот бенд Coldplay пред публика од 120.000 посетители.

63-годишниот актер се појави на сцената во инвалидска количка со гитара и ја изведе Fix You заедно со бендот.

emotivno-video-majkl-dzh-foks-koj-ima-parkinsonova-bolest-nastapi-so-coldplay-na-festival-vo-anglija-04.jpg

Мајкл објави неколку фотки од фестивалот, а во описот му се заблагодари на бендот за почеста.

„Целата љубов и благодарност за членовите на Coldplay кои многу добро се грижеа за мене и мојот тим…

И, во случај да се прашувате, беше неверојатно“, напиша Мајкл, меѓу другото.

Актерот сподели и видео од мигот кога се појави на сцена, на коешто се гледа дека публиката не останала рамнодушна на емотивниот момент.

И во коментари, следбениците на актерот ја покажуваат својата радост, но и нивната восхит за енергијата на Мајкл.

„Историска изведба!“

„Мајкл Џ. Фокс, прекрасен си како и секогаш“.

„Мајк е прекрасна личност. Никогаш не дозволил неговата болест да му го диктира животот“.

„Колку убав концерт... Гледав од дома. Син ми има церебрална парализа, па прекрасно е да се види како Coldplay покажуваат почит на луѓе со попреченост“.

emotivno-video-majkl-dzh-foks-koj-ima-parkinsonova-bolest-nastapi-so-coldplay-na-festival-vo-anglija-06.jpg

Погледнете го настапот на Мајкл Џ. Фокс и Coldplay:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg