Зошто ќерката на Кејт и Вилијам не смее да носи фустани пред првиот роденден?
- Детали
- четврток, 24 септември 2015
Британската принцеза Шарлот пред неколку месеци на крштевката носеше традиционален фустан во викторијански стил. Но, за повторно да ја видиме во некое слатко детско фустанче ќе мора да почекаме до првиот роденден, ако не и нешто повеќе.
„Тие се традиционално семејство и ги почитуваат правилата, па сигурна сум дека Шарлот до првиот роденден ќе носи бебешко боди. И дури кога ќе прооди, ќе може да ја гледаме во фустанчиња,“ вели Рејчел Рили, омилената дизајнерка за детска облека на Кејт Мидлтон за магазинот People.
Мајката на малечката Шарлот бира обични бодиња, и тоа едноделни.
„И кога се работи за дводелни комплети, не мислам дека принцезата ќе носи нешто такво пред првиот роденден,“ додала дизајнерката.