Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли сака да го промени полот?!
- Детали
- среда, 16 септември 2015
Шајло Џоли-Пит попрво би носела фармерки, маички и одела, наместо фустанчиња и тоа го имаме видено повеќе пати досега.
Откако Бред и Анџелина увиделе дека желбата да биде машко не е само фаза, решиле да се консултираат со психолози и да побараат совет, тврди нивен близок.
„И на Анџелина и на Бред најважно им е Шајло да биде среќна и самоуверена и подготвени се да направат сè за да и пружат дом полн со љубов во кој ќе се чувствува сигурно,“ гласи изјавата на изворот за таблоидите.
Интересно е што уште во 2010-та година за време на интервјуто со Опра, Анџелина откри дека нејзината ќерка сака да биде момче и да ја шишаат кратко.
„Обожава да носи машка гардероба и повеќе се дружи со своите браќа. Всушност, таа верува дека е нивен брат,“ тогаш велеше актерката.