Ева Мендез учи од проститутки
- Детали
- вторник, 01 декември 2009
За солидно да се пронајде и одлично да ја изигра улогата на проститутка во новото филмско остварување, Ева Мендез решила најстариот занает да го...
... научи од првокласна јавна куќа, каде одблиску ги набљудувала професионалките.
Ева Мендез во филмот Bad Lieutenant: Port of Call New Orleans, ќе ја игра улогата на проститутка која е зависна од дрога, но за да не "киксне" се обратила кај најдобрите, проверени професионалци, за кои таа вели дека и биле од круцијална помош и незаборавно искуство.
"Запознав проститутки кои своите клиенти ги примаат во огромни апартмани. Научив сешто", изјавила Ева која неодамна призна дека обожува улоги на "злобни девојки.
"Не можам против себе. Не гледам ништо забавно во тоа да сум добра и убава девојка", вели Ева. Инаку во новото филмско остварување наречено Bad Lieutenant: Port of Call New Orleans покрај Ева Мендез, ќе глумат Вал Килмер и Николас Кејџ.