Чудни секс навики на богатите и славните
- Детали
- недела, 30 август 2015
Холивудските ѕвезди знаат да имаат: чудни желби и страсти, ситници кои ги возбудуваат и несекојдневни потреби кои ретко кој може да ги задоволи.
Повеќето од познатите од очигледни причини, се прилично таинствени кога е во прашање нивниот сексуален живот, но некои од нив понекогаш знаат да раскажат прилично чудна приказна која доаѓа од нивната спална.
Што точно се случува таму, но и надвор од неа?
Џејда и Вил Смит
Во 2009 воделе љубов во лимузината на пат до настанот на Оскарите.
Ева Лонгорија
Сака да биде врзувана со скапи свилени шалови.
Рики Мартин
Опседнат е со техниката „Златен туш“ особено кога е во када. Ако не знаете што значи тоа прашајте го вашето момче.
Анџелина Џоли
Сакала садо – мазо и врзување на нозе, сè додека не го запознала Бред Пит и додека не добила деца. А, со нејзиното бившо момче водела љубов во лимузината на патот до доделувањето на МТВ наградите во 2000 и тоа јавно го објавила веднаш штом стигнала на црвениот тепих.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин
Меган е доста отворена кога стануваа збор за сексот, но парот не потврдил дека се „свингери“.
Скарлет Јохансон
Сака секс во кола на задно седиште и смета дека тоа е највозбудливо нешто на светот.
Ријана
Вели дека сите играчки за возрасни ги купува сама – „Да бидеш покорен во спалната соба е многу забавно. Ти стануваш кревка дама, а тој мачо“.
Ким Кардашиијан и Канје Вест
Тие сакаат ренесансни градби. Канјe тврди дека нивната ќеркичка Норт е зачната помеѓу преубавите ренесансни градби во Фиренца.