Синови на славни родители кои преку ноќ станаа згодни модели
- Детали
- петок, 31 јули 2015
На машката модна недела во Њујорк во првите редови се најдоа голем број на славни личности не само за да ги пратат најновите модни трендови, туку затоа што на пистата шетале нивните деца.
Уште на Париската модна недела на импровизирана писта како казино прошета младо момче за новата есенска колекција на Chanel рака под рака со холивудската дива Џулиен Мур и сите се заинтересираа за него.
Тоа момче всушност е синот на познатите холивудски актери Даниел Де Луис и Изабел Аджани.
Габриел Де Луис има 20 години и првенствено е музичар кој компонира филмска музика, свири клавир и гитара, а Карл Лагерфел поради специфичниот изглед на лицето го одбрал да биде еден од манекените на ревијата.
И не станува збор само за него.
Голем дел од синовите на познатите имаат можност да прошетаат по модните писти, а ова се само дел од нив: