Што ли мислеле? 10 катастрофални невестински фустани на познатите
- Детали
- вторник, 14 јули 2015
Венчавката треба да биде и најчесто е најважниот настан во животот на една двојка. По минување на многу месеци во планирање и подготовки за големиот настан, невестата треба да биде во совршениот фустан, приемот да се одвива во најдобар ред и што ли уште не.
За жал работите не се одвиваат секогаш онака како што биле испланирани, а и фустаните не се секогаш во најдобар ред и не покажуваат раскош и софистицираност.
Ова се 10 познати личности чии фустани се вистинска катастрофа:
1. Мараја Кери
Волуминозен и светкав, огромниот невестински фустан е надополнет со уште поголем букет за самиот настан. На која декада ве потсетува?
2. Луисана Лопилато
Горниот дел од фустанот на моделот и актерката Луисана всушност е прилично убав, но потоа пристигнувате до вториот дел од фустанот. Што е најлошо, истиот е надополнет со жолт чуден дезен со кој навистина вреди да се најде на листата.
3. Тина Тарнер
Ова не и беше прва свадба на познатата пејачка и ако не сакала да носи бело, навистина не морала. Но, од друга страна пак, зелено-црниот фустан е прилично ужасен, посебно благодарение на светкавите хеланки.
4. Витни Хјустон
Таа беше една од најдобрите пејачки на светот и секако дека заработуваше прилично доволно за да може да си го дозволи и најскапиот фустан, но сепак се одлучила цела да се препокрие во бело.
5. Ема Томпсон
На нејзиниот најважен ден, позната актера одлучила да личи повеќе на деверуша отколку невеста.
Уште 5 катастрофални фустани на следната страна...