Најубавите жени на Вимблдон: Заради нив сите гледаат на трибините
- Детали
- среда, 08 јули 2015
Неофицијалното првенство во тенис, како често го нарекуваат Вимблдон, не е интересно само заради тениските дуели, туку и заради гостите на трибините.
Кога се однесува до изборот на девојки и жени, славните тенисери знаат што да одберат.
Затоа сите гледаат во овие 4 дами кога ќе се појават меѓу публиката:
1. Марта Дионе Гонзалес
Најголемото изненадување на Вимблдон е Дастин Браун, кој го исфрли фаворизираниот Рафаел Надал од трката и како бонус на тоа, има згодна девојка која гордо го следи на трибините. Нејзиното име е Марта, има 30 години и се занимава со моделинг. Сепак, љубител е на природните науки, па затоа завршила биологија.
2. Марија Франческа Перело
Марија ретко го бодри својот дечко Рафаел Надал, иако се заедно со години. Таа тврди дека и е многу поудобно кога го гледа дома и навива гласно. Но, сепак постојат неколку нејзини појавувања кои беа доволни за да го привлече вниманието на фоторепортерите.
3. Ким Сирс
Енди Мари и Ким Сирс се запознале во 2005-та година и од тогаш се заедно со мала пауза во 2009-та година. По 10 години врска се венчаа во родниот град на Енди во интимна атмосфера. Како девојка и како сопруга, често пати е забележана на трибините во беспрекорни изданија.
4. Јелена Ѓоковиќ
Прекрасната Јелена е веќе добро позната на сите медиуми и гости затоа што е најгласна поддршка на својот сопруг Новак. Сите ја знаат како најубавата жена помеѓу сопругите на тенисерите, но и како врвен познавач на модата. Редовна и можеби најпрекрасна придружба на сите турнири.