8 познати личности кои не стареат
- Детали
- среда, 01 јули 2015
На овој свет има познати личности на кои сите им се воодушевуваат, а по малку и љубоморат. Тие едноставно му пркосат на времето. Одбиваат да остарат.
Сите се прашуваат која е тајната на овие личности кои воопшто не се менуваат:
1. Џенифер Анистон
Џенифер Анистон на филмското платно е веќе 20-тина години, а првпат беше забележана преку својата улога како Рејчел во серијата „Пријатели“.
Тајната на нејзиниот изглед и со нејзините 46 години лежи во внесувањето на големи количини вода секојдневно.
2. Хали Бери
И покрај тоа што веќе има 48 години, Хали бери за 10-тина години воопшто се нема променето.
Во што е нејзината тајна? Таа практикува јога за да се ослободи од стресот бидејќи, по нејзино мислење брчките се појавуваат тогаш кога долг период сте под стрес.
3. Софија Вергара
Актерка која по телевизиското деби го освои светот на зеленото платно, а и на срцата на многумина.
Иако за оваа актерка се верува дека подлегнала на хируршкиот скалпел, таа за 20 години воопшто се нема променето.
4. Џенифер Лопез
Пред 10-тина години таа важеше за една од најсексапилните личности на светот, а и денес оваа титула останува непроменета.
Џенифер едноставно престанала да старее по 20-тата година иако има две деца и е успешна во својата професија. Таа во ниту еден случај не дозволува стресниот живот да влијае на нејзиниот физички изглед.
5. Кијану Ривс
Канадскиот актер кој сега веќе има 50 години се уште личи на Нео од „Матрикс“.
6. Џесика Алба
Дали би поверувале дека Џесика Алба има дури 34 години? Нејзината возраст воопшто не се забележува на неа. Повеќе би рекле дека личи на тинејџер нели?
7. Вил Смит
Пред цели 25 години тој ја започна својата кариера како холивудски актер и покрај сите успеси кои со себе носат стрес, тој се коси со времето. Како воопшто да не влијаело на него.
Дали би му дале 46 години?
8. Фарел Вилијамс
Пристигнуваме на крајот, но и на личноста за која може да се каже дека сите се воодушевуваат во поглед на изгледот.
Кој би поверувал дека Фарел има цели 42 години. Едноставно одбива да старее, но во што е неговата тајна? Дали лежи исклучиво во неговите добри гени?