Нашиот Трајче во финале на „Пинкови ѕвездички“ (видео)
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2015
По толку многу успешни емисии, одлично изведени песни, фантастични коментари, воодушевувања и овации од публиката низ цел Балкан, Трајче Георгиев заслужи да се најде меѓу 10-те најдобри, во финалето на „Пинковите ѕвездички“.
Досега испеа многу песни кои најчесто беа балади, но имаше и побрзи. Неговата смирувачка енергија и прекрасна насмевка ги освојуваше сите.
Во второто полуфинале, за жал многу болен, Трајче сепак успеа да издржи машки и да испее една од потешките и емотивни песни на Тоше, „Зошто отиде“.
Проблемот во гласот, стравот и тремата се забележаа, а дополнително беше што никој од жирито не ја знаеше песната, бидејќи не е препеана на српски јазик.
Сепак, доби силна поддршка и со оглед на тоа што е голем миленик на многумина, успеа да се пласира во финалето кое ќе се одржи на 26 јуни.
Погледнете го неговиот настап: