Новото лице на Брус Џенер: Сега очувот на Ким Кардашијан се вика Кејтлин (фото)
- Детали
- вторник, 02 јуни 2015
Вчера на насловната страна на магазинот Vanity Fair се најде Кејтлин Џенер, идентитетот кој Брус Џенер го одбра за својот нов живот.
Откако со месеци се погодуваше дека Брус ќе подлегне под трансформации за да стане жена, неговото интервју и признание ги разреши сите дилеми - Брус е одлучен во тоа да стане женствен.
Крајниот резултат беше објавен токму вчера, на јулското издание на Vanity Fair со наслов „Викајте ме Кејтлин“.
Во интервјуто во магазинот Брус, односно сега Кејтлин, зборува за своите стравови, несигурности, но и храброста која била потребна за да се изгради жената која денес постои.
Првите фотки ги направи Ани Лебовиц во домот на Малибу, каде Кејтлин моментално живее.