Во јавноста се откри неверојатен податок за лечењето на Шумахер
- Детали
- среда, 27 мај 2015
Легендарниот Германец Михаел Шумахер се уште се опоравува од скијачката несреќа која се случи во 2013-та година, а неодамна во јавноста се откри нов податок за неговото лечење.
Како што наведува The Express, за неговото здравје се грижат 15 медицински стручњаци, па токму затоа лечењето чини околу 140.000 евра неделно. Досега се потрошени неверојатни 14 милиони евра.
Добрата вест во оваа тажна приказна за Формула 1 шампионот е што неговата менаџерка Сабина вели дека здравствената состојба на Шумахер се поправа. Оваа изјава ја даде пред само неколку дена и го израдува светот.
Потсетување: Шумахер се повреди при скијање во Франција, кога на забранетиот дел од стазата за скијачи падна и ја удри главата во камен. Заради тешките повреди на главата беше долго време во кома, а откако се разбуди беше пренесен во центар за рехабилитација.