Денес се светски познати, но како изгледале кога првпат се појавиле пред камера?

Сите имаат свои почетоци кои сигурно не се толку добри и совршени како после одредено искуство. Но, секогаш е добро да се потсетите од каде сте почнале, а до каде сте стигнале или за да не заборавите како ви било некогаш.

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-001.jpg

Многу од светски познатите личности ги знаеме само од она што го гледаме на телевизија и кога веќе ќе станат популарни.

Но, еве како изгледале некои од нив кога првпат застанале пред камера:

1. Том Харди

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-1.jpg

Популарниот глумец во 1998 година победил на натпреварот „Најдете ми супермодел“ Тогаш имал само 21 година, а три години подоцна ја добил улогата во мини серијата „Band of brothers“, по што неговата кариера тргнала во нагорна линија.


2. Мет Дејмон

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-2.jpg

Имал само 13 години кога бил ангажиран како лизгач на мраз да настапи на локална тв-станица во Бостон. Но, Дејмон не ја кажал вистината за своите вештини и на крајот завршил со болни повреди. Неговото филмско деби се случило 5 години подоцна кога се појави во романтичната комедија „Mistic Pizza“ каде изговори само една реченица.


3. Мерил Стрип

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-3.jpg

Пред да почне концертот на Битлси во Њујорк, август 1965 година, интервјуирана е група фанови, меѓу кои била и 16-годишната Мерил Стрип. Новинарот тогаш не можел ни да претпостави дека разговара со идна филмска дива.


4. Џорџ Клуни

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-4.jpg

Пред камерите првпат се појавил кога имал само 8 години, во детската тв – програма „Uncle Al Show“. На 17 години бил и статиста во мини серијата „Centennial“, која се снимала во неговиот роден град во Кентаки.


5. Мила Кунис

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-5.jpg

На само 9 години, татко ѝ ја запишал на часови по глума, а првата аудиција ѝ ја донела улогата во рекламата Барби во 1993 година. Една година подоцна дебитирала на телевизија во серијата „Days of our lives“, а неколку месеци подоцна се појави и во „Чувари на плажа“.


6. Натали Портман

denes-se-svetski-poznati-no-kako-izgledale-koga-prvpat-se-pojavile-pred-kamera-6.jpg

Кога имала десет години, ѝ понудиле да стане модел, но таа одбила за да се посвети на часовите по глума. На 12 години добила улога во филмот на Лик Бесон „Леон професионалец“. Вака изгледала на аудицијата:

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg