Била родена во сиромаштија и исмевана како дете, а денес е една од најубавите жени во светот
- Детали
- среда, 20 мај 2015
Ирина Шајк денес е еден од најбараните и најпознатите модели. Попозната е како моделот за костими за капење на Sports Illustrated уште од 2007-та година. Но, нејзиниот живот не бил од секогаш така гламурозен.
Шајк родена во Русија во семејство на рударот Валериј и учителката по музичко Олга и секако не била родена во семејство каде ќе биде ранета со златна лажичка. Детството го минала во сиромаштија помагајќи и на својата мајка.
Од својата 6 годишна возраст започнала да свири на пијано и веќе во својата 9-та година била запишана во музичко училиште каде се зачленила и во училишниот хор.
Дечињата во одделението постојано ја задевале затоа што имала „нозе како чепкалки“, па Ирина имала прилично лош социјален живот во овој период од животот.
Ирина го наследила својот темен тен од татка си кој бил Татар, додека светлите очи се наследство од нејзината мајка. Заради овој необичен спој многумина мислат дека таа потекнува од Бразил, што е далеку од точно.
Иако како младо девојче сакала да стане новинарка, сепак судбината имала поинаков план.
Татко и на нејзината 14-та година умира од пнеумонија оставајќи го целото семејтво со многу малку пари. Нејзината мајка била принудена да минува многу малку време со своето семејство и да работи дури на две работни места.
Ова е зградата и условите во кои некогаш живеела најубавата жена на денешницата:
Откако завршила средно училиште пробала да учи маркетинг, но не успеала. Еден од локалните агенти ја забележува во 2004-тата година додека ја освојува титулата „Мис на Челибинск за 2004 година“.
Во својата 19-та година веќе се промовира како еден од најбараните модели откако во 2007-та година се јавува во календарот на Sports Illustrated и станува лице на Intimissimi. До ден денес таа е еден од најпознатите, најскапо платените и најбараните модели.
Големите успеси и овозможиле еднаш за секогаш да ги остави настрана финансиските потешкотии кои ги имала во детството. Се проценува дека нејзиното погатство се движи околу 6 милиони долари.