16 помалку познати факти за Роби Вилијамс
- Детали
- вторник, 12 мај 2015
Веројатно со нетрпение ја очекувавте неговата овогодишна турнеја Let me Entertain you и неговиот настап во Јуни на белградската арена. Токму затоа, еве неколку помалку познати факти за неговиот живот и работа.
1. Рекордер во освоени БРИТ награди
Во изминативе две децении Роби целосно ги доминира БРИТ наградите. Тука се уште го држи рекордот за најголем број на освоени награди кои заедно со неговата група Take That достигнуваат 17 победи.
2. Го потпишал најскапиот договор некогаш
2002-та година е годината кога Роби го потпишува договорот со ЕМИ за неверојатни 80 милиони фунти. По потпишувањето на договорот среќно изјавил на првата прес конференција дека сега ги има парите за кои никогаш не сонувал.
3. Видел вонземјани
По првата пауза од својата кариера која ја прави во 2007та година, изјавува дека видел вонземјани и летечка чинија. Со оваа изјава се појавува и на документарец. Оттогаш интензивно се интересира за нив.
4. Излегувал само со убавици
Во својот живот секогаш бил опкружен со светски познатите ѕвезди и излегувал токму само со нив. Некои од неговите девојки се Никол Кидман и Камерон Диjаз.
5. Се појавува на анимиран филм
The Magic Roundabout е анимираниот филм каде тој ја има улогата на Dugal. Во овој филм се појавува и Кајли Миног со која го има напишан хитот Kids.
6. Секогаш се фали со должината на својот полов орган
Добро ова е добро познат факт за него, но сепак вреди да се напомене. На секој концертен настап се обидува да го научи јазикот на земјата во која настапува и да ги информира за тоа колкава е должината на неговиот полов орган.
7. Запишан е во гинисовата книга на рекорди
Во 2006тата година запишан е во Гинисовата книга на рекорди благодарение на 1.6 милионската распродажба на концертни карти. Успел да ги распродаде речиси сите карти за турнејата Close Encounters.
8. Не бил одсекогаш ѕвезда
Многу краток период Роби работел како обичен продавач се додека неговиот татко не одлучил да го пријави на аудицијата за формирање на бендот Take That.
9. Сопругата ја запознал на „слеп“ состанок
Во 2007-та година ја запознава својата сегашна сопруга, Ејда Вилијамс. И тоа не поинаку одошто во неговиот стил, на слеп состанок договорен на нивни заеднички пријатели. Роби од неодамна изјавил дека првпат кога ја запознал мислел дека е бремена затоа што носела широк фустан. Од 2010тата па наваму денес се во брак и со две деца.
10. Најдолгиот концерт во историјата
Во 2003тата година Роби го одржува најдолгиот концерт во историјата. Настапувал дури три вечери по ред со публика од 625 илјади луѓе. Да не се изостави и фактот дека овој концерт бил проследен на ТВ екраните од уште 3,5 милиони луѓе.
Благодарение токму на овој концерт тој сега припаѓа на култните бендови како Queen, Led Zeppelin иOasis.
11. На местото на неговата жена тој бил во количката со бебето
Што воопшто не е чудно со оглед на шеговитата природа на Роби. Потоа на повеќето интернет страни се јавува видеото во кое веднаш по пораѓањето, неговата жена ја носела количката во која седел Роби со бебето в раце.
12. Неговото вистинско име е Максимилијан
По татко, неговото средно име е Питер, а вистинското име му е Максимилијан.
13. Крушката не паѓа подалеку од дрвото
Неговите родители поседувале свој паб наречен Red Lion во Бруслем пред неговиот татко да стане менаџер на Carmarthen Bay Holiday Village, комичар и пејач. По него и неговиот син денес е светски познат „шоумен“.
14. Висок е 182 cm
Споредено со останатите членови на групата Take That Роби се наоѓа на третото место по висина веднаш после Хауард Доналд и Џејсон Оранж. Додатно тој има идеални пропорции со оглед на тоа што тежи 82 килограми и носи број 44 на чевли.
15. Не знае да вози
И покрај тоа што има веќе 41 година, тој сеуште не научил да вози ниту пак се решил да положи за возачка дозвола. Во 2011тата изјавил: „Јас сеуште немам возачка дозвола. Во Лондон едноставно не е возможно да возите затоа што сообраќајот е очаен и секогаш се возам со такси“
16. Има своја модна колекција
Да токму така. И овој пејач е дел од оние познати и славни личности кои во животот се одлучиле за модниот дизајн како една од многуте професии. Во 2011тата година ја направил својата прва модна колекција, наречена Farrel. Во неа во главно се забележува војничкиот стил. Неговата последна колекција е облека која ја носи неговиот пријател Оли Мурс.