Енрике Иглесијас, Рафаел Надал и Пол Гасол отворија шпански ресторан (фото)
- Детали
- понеделник, 11 мај 2015
Латино заводникот Енрике Иглесијас, тенискиот ас Рафаел Надал и кошаркарската ѕвезда Пол Гасол, сите од Шпанија, го отворија првиот ресторан Тател од ланецот шпански ресторани.
Првиот е со локација во Мадрид, а следните се планира да бидат и во Барселона, Ибица, па и до Лас Вегас.
Потеклото и традицијата е она што најмногу ги поврзува и главната причина поради која сакаат да му понудат на светот луксузно место со вкусна шпанска храна и одлична музика.
Тоа го планираат веќе одамна, а сега веќе почнаа и да го реализираат.
Секој е успешен во својата професија, а на овој начин само ја користат својата популарност за да го промовираат местото кое сите ги поврзува и да го понудат она што им е заедничко, а тоа се шпанската култура и традиција.
Ако имате шанса да одите до Мадрид, задолжително посетете го нивниот ресторан: