Руски медиуми тврдат: Кралското бебе родено од сурогат мајка?

Откако по еднонеделен престој во болницата St. Mary, на 2 мај во 9 часот и 30 минути се роди малата принцеза на Англија, веќе за неколку часа, Кејт Мидлтон, заедно со бебето и во придружба на принцот Вилијам ја напуштија болницата позирајќи и поздравувајќи ги новинарите.

ruski-mediumi-tvrdat-kralskoto-bebe-rodeno-od-surogat-majka-001

Веднаш во сите медиуми се појавија фотографии од новороденчето, а со тоа и многу сомнежи.

Според изјави на веќе искусни родители и познавачи на медицината, речиси е невозможно за толку кратко време Кејт веќе да стои сама на нозе и да се движи со бебето во рака.

Таа изгледа прекрасно, но се чини нереално за само неколку часа да исчезне сиот замор од породувањето, а некои тврдат дека го нема ниту мајчинскиот сјај во очите.

Според некои гласини и написи се претпоставува дури и дека бебето е од сурогат мајка, а дека Кејт носела лажен вештачки стомак.

Од фотографиите кои се објавија од бебето се забележува дека има премногу чисто, мазно и нежно лице со веќе добро оформени црти на лицето, што воопшто не одговараат за новороденче.

По тоа, се претпоставува дека е родено пред 4-5 дена. Исто така, многумина го обвинуваат кралското семејство што толку брзо го изнесуваат бебето во нестерелизирана средина со толпа луѓе од кои може веднаш да фати некаков вирус.

Постојат најразлични претпоставки, тврдења, обвинувања, помалку или повеќе поткрепени со докази за мистериозното раѓање на новата принцеза на Англија, но точните одговори веројатно ќе се добијат многу подоцна.

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“ „Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснув...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg