Ништо не е совршено: Што се случува во вилата на Хју Хефнер?
- Детали
- среда, 22 април 2015
Иако многумина Плејбој вилата ја замислуваат како рај на земјата, ништо не е така совршено. Животот во неа има предности, но и големи недостатоци.
Како изгледа еден работен ден на девојките кои ја имаат титулата Плејбој зајачици?
Една од зајачиците која се пензионираше пред неколку години, анонимно и искрено го раскажува своето искуство.
Иако тие на прв поглед уживаат во работата, секоја зајачица носи по некоја мрачна тајна во себе.
Внатре владее одредена хиерархија во која Хефнер одамна ги има поставено правилата и од нив нема отстапување. Верувале или не, во дивата Плејбој вила постои полициски час, поточно, по 21 часот навечер нема мрдање од таму.
По 21 часот девојките може да излезат само како придружба на Хефнер, а во спротивно го губат неделниот џепарлак кој изнесува 1.000 долари и е многу важен затоа што дамите немаат право да работат друга работа.
Покрај тоа, девојките добиваат и автомобили, медицинска нега и козметички операции.
За сите овие работи се грижи обезбедувањето во вилата кое потајно го следи секој чекор на зајачиците.
Додека оваа анонимна зајачица работела во клубот на Плејбој во Англија, правилата биле многу строги. Сите зајачици морале да бидат на работа 1 час порано и тој час не им се плаќал. За тоа време, секоја зајачица морала да ги налакира ноктите, да направи совршени локни и беспрекорно да се нашминка.
Неколку минути пред почетокот на смената, постарите зајачици ги прегледувале и ако не биле на ниво на задачата и доколку изгледот не ги исполнувал критериумите, морале да се вратат и да го поправат пропустот.
Секоја минута која ќе ја изгубеле во исправувањето на грешката им се одбивала од платата.
Ако некој од присутните во клубот со подлабок џеб одлучи да ја почести зајачицата, многу мал дел од тој бакшиш одел кај неа.
Бакшишот на сите зајачици се собирал на едно место. На крајот од месецот, од вкупната сума се одземале даноците, па сумата која ќе остане се делела на сите зајачици, дури и на оние кои никогаш не заработиле.
Златниот кафез на Хју Хефнер исто така негативно влијаел и на неговата бивша партнерка Холи Медисон. Во нејзините мемоари таа наведува дека животот во вилата не се темели на секс и одлична забава како што јавноста мисли.
Животот во вилата воопшто не е исполнување на сонот, туку брзо се претвора во ноќна мора. Холи тврди дека таму ја изгубила самодовербата, идентитетот и надежта за иднината, по што размислувала за самоубиство.
Сепак, сè си има своја цена...