Ќе познаете кој е кој? Џорџ Клуни има идентичен двојник
- Детали
- вторник, 14 април 2015
Модел кој изгледа како филмската ѕвезда Џорџ Клуни стана вистинска сензација на социјалните мрежи. Гилермо Запата, кој доаѓа од Буенос Аирес објавил неколку слики на кои сличноста со познатиот глумец е неверојатна.
Гилермо, кој кариерата како модел ја почнал во 1989 година предизвикал медиумска хистерија откако фановите почнале да ја забележуваат неговата голема сличност со Клуни која е особено воочлива на оние слики каде аргентинецот носи костуми.
Гилермо, кој има 45 години, добил илјадници нови следбеници откако се нашол во центарот на медиумскиот интерес и неговата фан база продолжува да расте.
Згодниот претприемач од Аргентина одамна се има воспоставено како дел од холивудската елитата бидејќи тој е косопственик на светски познатиот ресторан СУР во Западен Холивуд, Калифорнија, заедно со неговата сопруга Натали со која имаат две ќерки.
Наградуваниот ресторан зафаќа простор од 2400 квадратни метри и го сметаат за еден од најмодерните места во градот на ѕвездите.
И покрај неговиот исполнет распоред, шармантниот Гилермо очигледно тргнал по стапките на неговиот познат двојник и се обидува да успее како актер. Не само што глумел во неколку филмови, вклучувајќи го „Land's End“, туку се појавил и во повеќе телевизиски серии и реклами.
Тој учествувал и во реалното шоу на неговата пријателка Лиза Вандерпумп, каде на фановите им овозможиле уникатен поглед на случувањата во кујната на нивниот популарен ресторан.
Неговиот последен проект исто делува инспириран од Џоџ Клуни - Гилерно во 2013 дебитирал како продуцент на краткиот филм „Tango Amargo“, во кој ја играл и главната улога.
Пробајте да пронајдете барем една разлика: