Малата Захара порасна: Ќерката на Анџелина и Бред е вистинска убавица (фото)
- Детали
- понеделник, 30 март 2015
Пред 10 години Анџелина Џоли посака да посвои дете од Етиопија, каде што претходно беше во посета. Сметајќи дека на тој начин ќе може да спаси барем еден детски живот од глад и сиромаштија, ја одбра малата Захара.
Таа беше вообичаено слабо девојче без родители кое блескаше од среќа во прегратките на Анџелина.
Денес, по 10 години, таа е веќе порасната и најмногу се дружи со Шајло, родената ќерка на Анџелина и Бред, а Анџелина како вистинска мајка ги зема како најдобра придружба и ги носи на настани кои се интересни за нив.
Најново појавување им беше на Kids` Choice Awards каде Анџелина доби награда за најдобра улога како негативен лик во филмот „Maleficent“.
Со многу прегратки и бакнежи и честитаа на својата мајка за успехот, а фотоапаратите не успеаја а да не забележат колку малечката Захара се променила.
Од мало и слабо девојче, сега е прекрасна тинејџерка: