Аутфитот кој ги изненади сите: Амал Клуни во жолти ѕвонарки од 70-тите (фото)
- Детали
- среда, 25 март 2015
Не престанува да изненадува со секоја своја појава. Уште од почетоците кога се објави венчавката со најпосакуваниот холивудски ерген, Џорџ Клуни, 37-годишната Амал веќе сигурно станува дел од модната сцена.
Таа покажува како да се изгледа добро, а поинаку и впечатливо на секое место. Соработува со врвни дизајнери и не се плаши да експериментира со стиловите.
За разлика од свечените тоалети во кои се појавува на црвениот килим на настани како Оскарите, знае да изненади и со тотално откачена варијанта во која не би ја замислиле дека може да оди на вечера во Њујорк со својот сакан.
Амал очигледно е многу храбра кога е во прашање изборот на облеката, штом одлучила да се појави во дизајнирани жолти ѕвонарки од Џанбатиста Вали, во стилот на 70-тите, со крзнен разбушавен топ како горен дел и да покаже малку повеќе кожа на стомакот.
На високи црни потпетици со платформа и наметната со топол капут, сигурно зачекорува меѓу оние кои ќе ги диктираат трендовите.