Нејзината убавина е вечна: На Моника Белучи и брчките убаво ѝ стојат (фото)
- Детали
- среда, 25 март 2015
Таа е посебна и неповторлива. За неа не се потребни посебни зборови освен една фотографија од која зрачи сета нејзина убавина. Без разлика дали е тоа од пред 10 години или од пред некој месец, таа секогаш и секаде изгледа неодоливо и прекрасно.
Италијанската дива, Моника Белучи кон крајот на септември оваа година ќе наполни 50 години кои ќе ги одбележи со најновата улога како Бонд девојка во новото продолжение на филмот.
Таа нема направено ниту еднаш лифтинг за затегнување и гордо ги носи своите брчки кои оставиле убави траги на нејзиното лице.
Нејзината убавина е ненадминлива и тоа го покажува со секое појавување. Уште на почетокот на кариерата таа се издвои од колешките со тоа што секогаш беше надвор од туѓите трендови, диктирајќи свои кои ја одржаа до денес.
Ставот, харизмата и талентот ѝ ја донесоа светската слава. Но, нејзината убавина била препознатлива уште од најмала возраст за што потврдуваат нејзините родители кои се среќни што немаат уште едно дете, бидејќи сметаат дека сигурно би било љубоморно на нејзината убавина, а таквата не се повторува.